Линкови за пристапност

Буш: Повлекување на американските трупи од Ирак не е решение


Претседателот за емисијата "Newshour with Jim Lehrer" на јавната американска телевизиска мрежа, рече дека знае оти на голем број Американци им е доста од војната и се скептични за шансите за успех во Ирак. И тој самиот вели дека е фрустриран и дека разбира оти нештата треба да се сменат, но подвлече дека американското повлекување од Ирак не е решението. Тоа само би довело до „брз неуспех“, оцени Буш.

- Донесов одлука дека е најдобро да се обидеме да и помогнеме на ирачката влада да го запре секташкото насилство, бидејќи во спротивно, според мое мислење и мислење на други, доколку не помогнеме да се запре, ќе стане уште полошо.

Американскиот претседател изрази и фрустрираност од темпото со кое се напредува во Ирак. Нема сомневање дека 2006-та беше лоша година за оваа земја, рече Буш.

За начинот на кој ирачката влада го извршила погубувањето на Садам Хусеин, Буш коментираше дека тоа само покажува оти таа треба да досозрее. Ирачаните невешто постапија при погубувањето, оцени Буш. Тој смета дека Хусеин добил праведно судење, но дека самиот чин на погубување личело на убиство од одмазда.

XS
SM
MD
LG