Линкови за пристапност

Американскиот претседател на Денот на Мартин Лутер Кинг го истакна ангажирањето на локално ниво


Одбележувањето на американски празник – Денот на Мартин Лутер Кинг, во чест на големиот борец за граѓански права и расна еднаквост, годинава мина со акцент врз ангажманот на локално ниво. Прилог на Пола Волфсон.

Празникот по обичај е време за присеќавање, говори и црковни служби во чест на Мартин Лутер Кинг. Годинава, организаторите на прославите ги повикаа Американците да го искористат неработниот ден за да помогнат на локално ниво.

Во средното училиште Кардозо во американскиот главен град, околу 350 волонтери од соседството се собраа за да направат мурал на ѕидовите и да испратат разгледници за погодените од ураганот Катрина. Таму беше и претседателот Буш:

- Ги охрабрувам луѓето ширум земјата да ја искористат можноста и да им помогнат на оние на кои тоа им е потребно. Со тоа најдобро му оддаваме почит на делото на Мартин Лутер Кинг.

Отец Мартин Лутер Кинг беше на чело на движењето за граѓански права во САД во 50-те и 60-те години на минатиот век. Со надалеку познатата елоквентност и залагањето за ненасилен протест, тој стана симбол на борбата против расната поделеност и дискриминација.

Доктор Кинг падна како жртва на атентат во 1968-ма година.

Неговата најстара ќерка, Јоланда Кинг, вчера на церемонијата во црквата во Атланта, каде на времето проповедаше нејзиниот татко, кажа дека САД се` уште треба да изодат пат за целосно да го реализираат неговиот сон за мир и потполна расна еднаквост.

XS
SM
MD
LG