Линкови за пристапност

Американската армија потврди дека извршила воздушен напад во јужна Сомалија


Американската армија синоќа потврди дека извршила воздушен напад во јужна Сомалија против лица осомничени дека се водачи на Ал-Каида, по претходни најави дека САД веќе втор ден по ред вршат напади.

Портпаролот на Пентагон Брајан Витман изјави дека авион од типот Еј-Си 130 извршил напад врз, цитираме, главните лидери на Ал-Каида во регионот во неделата. Претходно во медиумски извештаи се тврдеше дека нападот се случил во понеделникот. Витман кажа и дека тој бил извршен врз основа на „доверливи информации“, но не сакаше да коментира дали притоа биле убиени оние кои биле негова цел.

Сведоци тврдат дека вчера имало уште еден напад, овојпат со хеликоптери, во близина на селото Афмадоу на југ на земјата. Сомалиски претставници велат дека САД повторно целеле на членови на Ал-Каида. Меѓутоа, американски официјални лица индицираат дека вчерашниот напад не бил американска операција.

XS
SM
MD
LG