Линкови за пристапност

Џорџ Буш подготвен да работи со опозиционите демократи


Американскиот претседател рече дека новата година носи и нови можности за напредок и тој очекува да има соработка со новиот состав на Конгресот.

- Конгресот е променет. Нашите обврски спрема земјата не се променети. Утре, членовите на 110-от Конгрес ќе положат заклетва и јас им честитам. Го поздравувам нивното пристигнување го градот. Однапред се радувам на работата со нив.

Претседателот Буш рече дека е охрабрен од, како што рече, продуктивните средби со лидерите од обете партии. Тој рече дека е време да остави настрана политиката и фокусот да се стави на на иднината на нацијата.

Демократите обезбедија контрола во Претставничкиот дом и Сенатот на изборите во ноември фокусирајќи се на гласовите од избирачите кои не се согласуваа со војната во Ирак.

Додека претседателот се подготвува да го претстави, како што вели, новиот пат во Ирак, демократските лидери планираат да започнат со легислативната работа по домашни прашања, а особено по прашањето за минималната плата.

Џорџ Буш рече дека новиот Конгрес треба да обезбеди мудро трошење на парите на граѓаните. Тој кажа дека пратениците треба да направат реформи во програмата за пензионирање како и да го подобрат системот за здравствена заштита. Претседателот побара и запирање на една мошне раширена пракса.

- Една важна порака која сите треба да научиме од изборите е дека граѓаните сакаат да стават крај на тајните процеси со кои вашингтонските инсајдери извлекуваат милијарди долари за конкретни проекти, прикачени на главните закони, од кои многу не се ни разгледани ниту гласани во Конгресот.

Американскиот претседател рече дека ќе испрати предлог за петгодишен буџет, кој ќе помогне за негово балансирање до 2012-та. Тој рече дека неговиот предлог носи ограничувања на трошоците, но не и во областа на борбата против тероризмот.

XS
SM
MD
LG