Линкови за пристапност

Уапсено лицето кое наводно го снимило погубувањето на Хусеин


Советник на ирачкиот премиер Нури Ал Малики вчера соопшти дека уапсено е лице кое наводно го снимило погубувањето на Хусеин и во моментов се испрашува. Засега не е познат неговиот идентитет.

Краткиот материјал е со слаб аудио и видео квалитет, но содржи јасен приказ на самиот чин на егзекуција. Од аудио снимката може да се чуе како лица во собата каде е погубен Хусеин, извикуваат навредувачки зборови спрема него, велејќи му, цитираме, да оди во пеколот, како и извикувајќи ги имињата на неговите двајца шиитски ривали. На ова се слуша како Садам возвраќа, цитираме, вака ли ја покажувате вашата машка храброст, велејќи им и тие да одат во пеколот. Ирачката влада уште во вторникот најави дека спровела истрага по прашањето.

За време погубувањето биле присутни само околу 17 лица. Мункит Ал Фарон еден од обвинителите во судскиот процес против Садам Хусеин, кој всушност го испрати на бесилка. Тој беше сведок на погубувањети и за тв-станица на арапски јазик изјави дека само две официјални лица присутни во собата каде се извршило погубувањето имале мобилни телефони со камера. Ал Фарон рече и дека ги знае нивните имиња, но нема да ги обајви во јавноста. Во претходни новински извештаи, тој наводно го обвинил Муфак Ал Рубаи, ирачки советник за национална безбедност, дека е едното од двете лица кои користеле мобилни телефони за да го снимат чинот на погубувањето. Ал Фарон сепак подоцна ги порекнал овие извештаи.

Видео снимката придонесе за интензивирање на секташките тензии меѓу шиитското и сунитското население. Сунитите во Ирак и Јордан по егзекуцијата организираа протести, велејќи дека тоа било само акт на шиитска одмазда, а владата предводена од шиитите беше критикувана од другите исламски земји заради изведување на бесењето воочи големиот муслимански празник Курбан Бајрам.

Ирачкиот специјален трибунал го осуди Садам Хусеин на смрт на 5 ноември 2006, за неговата вмешаност во погубувањето на 148 шиити од градот Дуџаил по неуспешниот обид врз него да биде извршен атентат во истиот град во 1982.

Во меѓувреме, пристигнаа извештаи дека и двајцата блиски соработници на Садам Хусеин кои му помогнале да се изврши егзекуцијата на овие Шиити, ќе бидат погубени наскоро.

XS
SM
MD
LG