Линкови за пристапност

Претседателот Буш им го честита Божиќ на припадниците на оружените сили


Во САД денес се празнува католички Божиќ.

Претседателот Буш, кој престојува во одморалиштето Кемп Дејвид во близината на Вашингтон, вчера по телефон им се заблагодари на оние кои служат во армијата.

Претседателот традиционално за Божиќ направи серија телефонски повици до неколку припадници на оружените сили, од кои повеќето служат во Авганистан и Ирак. Портпаролот Дана Перино вели дека тој сакал да им покаже колку значи нивната служба, и колку е горд на нив – нешто што го истакна и за време на саботното божиќно обраќање до армијата:

- Сите вие сте волонтери кои одговорија на голем повик во историски момент. Одбравте да служите на кауза поголема од личната, и вашата храброст и карактер се инспирација за сите кои ја сакаат слободата. Спротиставувајќи се на терористите и носејќи слобода на угнетените, чините американскиот народ да биде побезбеден и поставувате темели на мир за наредните генерации.

Во саботата, претседателот се сретна во Кемп Дејвид со секретарот за одбрана Роберт Гејтс, кој неодамна се врати од посета на Ирак. Буш ќе ги продолжи консултациите за ирачката политика по божиќните празници, за време на еднонеделниот престој на својот ранч во Тексас, а се очекува да ја објави ревидираната стратегија на почетокот на 2007-ма.

XS
SM
MD
LG