Линкови за пристапност

Иницијатива на САД за заштита на активистите за човекови права


Државниот секретар Рајс најави три иницијативи за човековите права во нова кампања, која коинцидира со 58-годишната од Универзалвата декларација за заштита на човековите права на ОН. Иницијативите се составени од две признанија - фонд од еден милион долари за покривање на итните потреби на поборниците за човекови права, како и десет принципи за поддршка на невладините организации:

„Се надеваме дека нашиот придонес со десетте принципи за невладиниот сектор ќе помогне да се обезбеди поддршка на невладините организации, кои служат како корисен извор на информации за владите, меѓународните организации, граѓанските здруженија и новинарите.“

Секретарот Рајс исто така им оддаде признание за храброста и издржливоста на поборниците за заштита на човековите права и соопшти дека демократиите мора да ги бранат бранителите:

„Тие се стремат кон заштита на правата на малцинствата, работниците и жените и да спречат трговија со луѓе. Тие градат отворени граѓански општества, вршат притисок за слободни и фер избори и создавање одговорни демократии кои се базирани на владеење на правото.“

Високи американски официјални лица беа критични спрема Русија која усвои закони кои се рестриктивни спрема активностите на невладините организации. САД потенцираа на Иран за неговото репресивно досие за почитување на човековите права.

XS
SM
MD
LG