Линкови за пристапност

Белата куќа најави објавувањето на новата стратегија за Ирак на почетокот од 2007-ма


Претседателот Буш би можел да ја објави својата одлука за понатамошната стратегија за Ирак на почетокот на 2007-ма, соопшти Белата куќа.

Тони Сноу потврди дека постојат поголеми изгледи американскиот претседател да одржи говор за новата ирачка стратегија во јануари, отколку на крајот на овој месец, како што првично беше најавено.

Вчера беше вториот ден од тридневните консултации што Буш неделава ги одржува со високи владини претставници во врска со Ирак.

Претседателот истакна дека ќе ги разгледа препораките за Ирак од различни извори пред да соопшти евентуална промена на политиката. За денеска тој има планирано средби во американскиот Оддел за одбрана.

Минатата недела, Буш доби препораки од двопартиската Група за проучување на ситуацијата во Ирак. Меѓу нив е и предлогот за ангажирање на Иран и Сирија, како и за повлекување на поголемиот дел од американските борбени сили до 2008-ма година.

XS
SM
MD
LG