Линкови за пристапност

САД му оддадоа почит на македонскиот имигрант Стојан Христов


За прв пат во историјата на САД, на официјален начин му е оддадена почит на Македонец по потекло кој дал голем придонес за државата Вермонт додека работел како новинар, писател и законодавец. Стојан Христов во САД емигрирал во 1911 и живеел во Вермонт до смртта во 1995. Гратчето Довер реши да му се заблагодари на уникатен начин – подигна споменик во негова чест во дворот на градската управа.

Во планинските предели на Вермонт, американската држава збратиме со Македонија, во гратчето Довер, дом нашол Стојан Христов, автор и државник со кој Вермонт се гордее.

Тој напишал шест книги меѓу кои и автобиографијата „Ова е мојата татковина“ што станала една од омилените на претседателот Франклин Делано Рузвелт.

Викендов Довер му се оддолжи на својот зџаслужен граѓанин со поставување спомен-плоча пред градското собрание. Христов е единственото лице родум од Македонија на кое САД му оддале ваква чест.

Свеченоста ја отвори претставничка на управниот одбор на Довер, а зџа животот и делото на Христов зџборуваше Никола Кљусев, поранешен премиер на РМ и член на Македонската академија на науки и уметности.

Стојан Христов, со својата новинарска, законодавна и писателска работа оставил значаен белег во американското и во македонското општество покажувајќи дека да се живее во една држава не значи предавство на другата.

За Стојан Христов многумина имаа зборови на восхит и почит. Државната архива на Вермонт и локалната на Довер добија примероци од книгите на Христов.

Христов бил самоук по англиски јазик, а новинарство студирал на Универзџитетот на Индијана. Својата исклучително богата кариера ја зџапочнал како новинар зџа Чикаго-Сан Тајмс. Некои од шесте книги кои ги напишал на англиски биле рецензирани во угледниот весник Њујорк Тајмс.

Кога во 1980 година се вратил во родната зџемја, бил пречекан како херој. Универзитетот Кирил и Методиј му дал почесна докторска титула, а Македонската академија на науки и уметности го направила свој почесен член.

Исклучително студеното време ги натера организаторите да ја продолжат свеченоста во попријатен амбиент. Доктор Данкан Пери, професор по историја, експерт за Македонија и декан на постдипломски студии на универзитетот Скрентон во Пенсилванија зборуваше за Христов од литературен и историски аспект.

Македонската дипломатија во САД беше претставена од амбасадорот Јордан Веселинов од Конзулатот во Детроит, а организатор на настанот беше Советот за македонски уметности во САД и Канада, невладина и непрофитна организација чија мисија е промоција, афирмација и зајакнување на македонската култура и етно-идентитет.

За Стојан Христов се прави и докементарен филм, чиј продуцент и режисер е Павлина Проевска од Њујорк, а сценариото го нашиша доктор Пери. Мотото на филмот е „Стојан Христов – автентичен американски херој. Имигрантското искуство на Христов не е ништо необично, но неговите постигнувања се“. Длабоко принципиелен, Стојан Христов со своето перо станал светилник за многу идни генерации на имигранти.

XS
SM
MD
LG