Линкови за пристапност

Сведочење на кандидатот за секретар за одбрана Гејтс на распит во Сенатот


Кандидатот за местото секретар за одбрана Роберт Гејтс не верува дека САД во моментов победуваат во Ирак и предупреди дека ситуацијата може да доведе до регионален конфликт доколку земјата не се стабилизира во наредните година-две. Гејтс сведочеше на распит во Сенатот.

Роберт Гејтс даде отрезнувачка проценка на војната во Ирак пред Сенатската комисија за вооружени служби, одговарајќи на прашањата на сенаторот Карл Левин - демократ од Мичиген, кој од наредната година ќе претседава со ова тело:

Господине Гејтс, дали сметате дека во моментов победуваме во Ирак?

Не, господине.

Гејст изложи нималку розово сценарио доколку ситуацијата во Ирак наскоро не се стабилизира:

Нашиот курс во следните една до две години е дали американскиот и ирачкиот народ, како и наредниот претседател на САД ќе се соочат со бавно, но постепено подобрување на ситуацијата во Ирак и во регионот или пак со мошне реален ризик и евентуална реалност на регионален пожар! Потребно е заеднички да работиме во развој на стратегија што нема да го остави Ирак во хаос и што ќе ги штити нашите долгорочни интереси и надежта за регионот.

Гејст, поранешен директор на ЦИА, вели дека сите опции се маса за тоа како да се изнајде решение за ирачкиот конфликт. Тој верува дека по инвазијата имало недоволен број на војници за да ја стабилизираат ситуацијата во Ирак.

Сенаторот Левин ја поздрави искреноста на Гејтс и повика да размислува самостојно, доколку биде потврден на функцијата.

Претседателот Буш, кој се сретна со Гејтс пред распитот, побара тој навремено да биде потврден на функцијата, најавувајќи дека тој ќе врши извонредна работа во Пентагон:

Оние кои носат униформа знаат дека имаат пријател во Боб Гејст во Одделот за одбрана. Тој се воодушевува на нашата армија, ги почитува сите кои волонтираа да и` служат на нашата земја.

Се очекува Гејтс без проблеми да биде потврден во Сенатот кон крајот на неделава и да го замени Доналд Рамсфелд, кој беше критикуван од членови на обете партии за начинот на кој се справуваше со војната во Ирак. Рамсфелд објави дека се повлекува од функцијата еден ден по конгресните избори на 7-ми ноември, на кои демократите ја вратија контролата врз обата дома на Конгресот во услови на незадоволство во јавноста од ирачката ситуација.

XS
SM
MD
LG