Линкови за пристапност

Џон Болтон поднесе оставка на функцијата


Претседателот Буш привремено го именуваше Болтон на позицијата минатата година откако членовите на Конгресот го блокираа процесот на негово потврдување. Контроверзниот дипломат оттогаш не доби поддршка што би можела да сугерира дека Конгресот ќе го потврди на функцијата.

Претседателот Буш во вчера издаденото соопштение изрази длабоко разочарување од, цитираме, „тврдоглавата опструкција“ на неколку сенатори кои ја блокираат номинацијата. Буш го пофали Болтон за неговата работа на прашања како Северна Кореја, Дарфур и промовирање на демократијата.

Противниците на номинацијата на Болтон во Конгресот тврдат дека тој во минатато се обидел да ги обликува разузнавачките извештаи за политички цели. Други, пак, кои работеле со него во Стејт департментот, велат дека неговиот начин на раководење бил груб и тврдат дека ги малтретирал подредените.

Портпаролот на Белата куќа соопшти дека се уште не е почнат процесот на интервјурирање на кандидати за наследник на функцијата.

Болтон е познат и по тоа што своевремено ги критикуваше ОН за преголема бирократија и се залагаше за реформа на организацијата.

XS
SM
MD
LG