Линкови за пристапност

Авганистан - на врвот на агендата на самитот на НАТО во Рига


Американскиот претседател Џорџ Буш следнава недела ќе присуствува на самитот на НАТО во Рига.

Откако американските трупи ја соборија од власт талебанската влада во Авганистан пред четири години, исламските милитанти се прегрупираа, ангажирајќи се во тешки борби со силите на НАТО, особено на југот на земјата. Џуди Ансли е директор за европски прашања во Советот за национална безбедност на Белата Куќа. Таа вели дека мисијата во Авганистан се одвива добро и дека самитот на НАТО е шанса за претседателот Буш да се сретне со другите лидери во интерес на обезбедување на натамошен напредок.

"Секако дека има некои предизвици со проширување на југ во текот на летото, каде НАТО е пресретнат од Талебан. Но НАТО се покажа добро. И сега, главната работа е да се обезбеди алијансата да остане на определбата да ја исполни мисијата што е важно не само за Авганистан, туку и за нашата безбедност на Запад. " Ансли вели дека претседателот Буш на Авганистан гледа како на дел од пошироката улога на НАТО кој се справува со безбедносни прашања надвор од традиционалниот европски фокус. "Ако ги погледнете заканите на 21от век, најголем дел од нив не се на границите на Европа како што беше за време на Студената Војна. Тие доаѓаат од подалеку. Мислам дека Авганистан е совршен пример. Имате терористичка закана која веќе го погоди нашиот брег, и очигледно е закана за НАТО и за членките на НАТО, заради што мора со тоа да се справиме таму.

" Со 11 држави кои не се во НАТО, а се приклучија на трупите во Авганистан, Ансли вели дека претседателот Буш верува оти ќе треба долгорочна определба за подобро да се вклопат некои кои не се членки на НАТО во планирањето на алијансата. На самитот во Латвија лидерите на НАТО се очекува да ги поканат Јапонија, Австралија, Јужна Кореја, Шведска и Финска потесно да соработуваат во областа на обуката, како и во силите за специјални операции. Исто така се очекува да се постигне договор со кој 14 членки на НАТО плус Шведска ќе купат американски авион C-17 за подобар транспорт на трупи и материјал како дел од координирана иницијатива за стратешки воздушен пренос. Македонија, Хрватска, Азербеџан, Украина и Грузија се надеваат да се приклучат на Алијансата. Ансли вели дека нема изгледи дека на Рига самитот ќе бидат објавени нови идни членки.

По средбата претседателот Буш ќе патува за Јордан на разговори со ирачкиот премиер Нури ал-Малики. Американскиот советник за национална безбедност Стив Хадли вели дека администрацијата на Буш нема да има големи новини по овие разговори. Двајцата се очекува да разговараат за заедничка комисија која ќе биде создадена да се забрза преносот на поголема одговорност на ирачката влада како и за начините регионалните држави да и пружаат поголема и подобра поддршка.

XS
SM
MD
LG