Линкови за пристапност

Aмериканците го празнуваат Денот на Благодарноста


Се празнува со паради, гледање на натпревари од американскиот фудбал и вечера со мисиркино месо. Претседателот Џорџ Буш празникот го минува во одморалиште близу Вашингтон.

Во Њујорк прославата започна традиционалната парада на ланецот стоковни куќи Мејси. Илјадници луѓе излегоа да ги поздравата учесниците на парадата по дождливо време, а милиони другу преку малите екрани го минаа денот гледајќи американски фудбал.

Денот на Благодарноста е празник кој според легендата, влече корени од прославата во Масачусетс во 1621-ва година што британските доселеници ја организирале заедно со домородните Американци во чест на богатата жетва по доаѓањето на новиот континент. Оттогаш празникот е време кога луѓето во кругот на семејството и пријателите искажуваат благодарност за своите благослови.

Претседателот Буш го мина денот во одморалиштето Кемп Дејвид на вечера со мисиркино месо, гарнир од пченкарен леб, боранија, компири и пита од тиква.

Буш рече дека Американците се благодарни за жетвата со која се нахранува нацијата и поголемиот дел од светот. Тој рече дека Американците се благодарни за своите слободи како и за оние кои ги заштитуваат тие слободи:

Ја сакаме нашата земја. Најголем пример за таа посветеност се граѓаните кои заминаа да ја бранат нашата нација во опасност. Припадниците на нашата армија се откажаа од личниот комфор и безбедност за да не` заштитат. Нивната храброст не` одржува слободни, нивното жртвување не` прави благодарни, а нивниот карактер не прави горди!

Од Кемп Дејвид, претседателот Буш телефонски разговараше со војници на служба во странство, како во Ирак и Авганистан.

XS
SM
MD
LG