Линкови за пристапност

Ирачката влада воспостави полициски час во Багдад, најмалку 143 лица загинаа во квартот Сад`р



Властите велат дека имало најмалку три експлозии на бомби во овој кварт каде живеат муслимани - шиити. Потоа бил отворен оган врз населба населена со сунити.

Било нападнато и Министерството за одбрана, со кое управуваат шиитите. Над 30 вооружени лица го опколиле и отвориле оган од минофрлачи врз Министерството среде бел ден, по што уследила жестока престрелка со силите за безбедност, соопштија ирачките власти. По неколку часа нападот бил одбиен.

Американската армија соопшти дека претходно, ирачките сили заедно со коалициони советници во Сад`р извршиле рација во потрага на водач на ќелија што грабнувала и убивала лица во Ирак. Армијата верува дека ова лице има информации за американскиот војник кој беше грабнат минатиот месец.

XS
SM
MD
LG