Линкови за пристапност

Поддршката од претседателот Буш за Хрватска во НАТО во 2008-ма важи и за Македонија


Членството во НАТО за Македонија е големо статусно постигнување за неа и ќе ја стабилизира. Тоа значително ќе и`ги зголеми шансите за влез во ЕУ. Безбедносните предизвици со кои се уште се соочува Македонија ќе исчезнат откако земјата ќе стане дел од Алијансата. НАТО за Македонија денес има поголемо значање отколку влезот во ЕУ, смета поранешниот претседател на Меѓународната кризна група за Македонија Едвард Џозеф.

Хрватска, Македонија и Албанија како дел од Јадранската група имаат речиси исти можности, што се поврзани:

- Кога Хрватска, која речиси сигурно ќе стане членка на НАТО, има јасна поддршка од САД за членство во 2008-ма, тоа драматично и ги подобрува можностите на Македонија, под услов земјата да ги реализира неопходните реформи во одбраната што ги постави Алијансата.

Секоја земја поединечно ќе биде оценувана за влез во Алијансата. Тоа важи и за земјите од Јадранската група:

- САД се најважна членка на НАТО. Самата поддршка за Хрватска во голема мерка ги отвара вратите и за Македонија. Се поставува прашањето – Дали Македонија ќе биде подготвена? Дали ги исполнила реформите? Македонија речиси има гаранции за влез ако ги исполни критериумите.

Грција не е во позиција да се заканува, па и да ги спроведе заканите, дека ќе спречи евро-атланско интегрирање на Македонија под уставното име, оценува експертот за Балканот:

- Јасно е дека во НАТО, Грција ќе биде наголемо изолирана во однос на САД, кои имаат големо влијание во НАТО и кои веќе го признаа уставното име на Република Македонија.

Едвардс на иста линија и околу влезот во ЕУ. Според него, Атина во моментов е изолирана во својата и нема доволна меѓународна поддршка за да го блокира влезот на Македонија во Унијата под уставното име.

Иако фокусот на вниманието од Балканот се врти кон Ирак, и новиот состав на Конгресот, сега предводен од демократите, тоа нема да значи дека за битните политички прашања во регионот, САД ќе бидат нем набљудувач, потенцира Едвард Џозеф.

XS
SM
MD
LG