Линкови за пристапност

Буш: Америка ќе остане вклучена во Азија


САД мора да останат ангажирани во Азија со цел да ги зајакнат напредокот и безбедноста ширум земјите од Пацифичкиот појас, истакна американскиот

претседател на почетокот на азиската турнеја. Во говорот на Националниот Универзитет во Сингапур тој стави акцент и на промоцијата на слободна трговија и заканата од ширењето на оружје поради нуклеарните амбиции на Северна Кореја.

- Во новиот век, Америка ќе остане вклучена во Азија затоа што нашите интереси зависат од ширењето на слободата и можностите во регионот, рече американскиот претседател.

Буш се осврна на моќта на трговијата во зајакнување на економииите и ги повика нациите- учеснички на самитот АПЕК да помогнат да заживее сегашната рунда глобални трговски разговори.

Ризикот од нуклеарното оружје на Северна Кореја да заврши во лоши раце е најголема закана од ширење на оружје со која се соочува Азиско-Пацифичкиот регион. Тој ја повика Северна Кореја да ја докаже добрата волја со тоа што ќе појде во, како што рече, мирољубива насока кон решавање на кризата.

- Пјонгјанг мора да покаже дека е сериозен со преземање конктетни мерки во примената на дадената согласност да се откаже од нуклеарното оружје и нуклеарната програма, кажа Буш.

XS
SM
MD
LG