Според агендата, американскиот претседател ќе ги посети Сингапур, Виетнам и Индонезија, а накусо ќе престојува и во Русија. За утре е планирана неформална средба со рускиот претседател, Владимир Путин.
Во четврток е обраќањето на Буш во Сингапур за кое американскиот советник за национална безбедност, Стивен Хедли кажа дека ќе се однесува на можностите за соработка на САД со Азија по прашања како сиромаштијата и тероризмот.
Во Виетнам, американскиот претседател ќе пристигне в петок, воочи Азиско-пацифичкиот самит за економска соработка. На Самитот, американскиот претседател се очекува да говори за потребата од поголеми економски реформи и трговски олеснувања.