Линкови за пристапност

Kој е новиот американски секретар за одбрана Роберт Гејтс?


Човекот кој е нонимиран од претседателот Буш за иден секретар за одбрана е поранешен директор на ЦИА со децениско искуство во областа на националната безбедност. Тој исто така беше претседател на главниот универзитетот на сојузната држава од каде доаѓа Буш – Тексас.

Роберт Гејтс ја започнал кариерата во Централната Агенција за разузнавање во 1966-та. Во следните 25 години, Гејст искачувајќи се на професионалното скалило служел под шест претседатели, и Демократи и Републиканци, станувајќи директор на ЦИА во времето на претседателот Џорџ Херберт Вокер Буш, татко на актуелниот претседател.

На ова место бил од 1991-ва до 1993-та. Ја напушта владата и почнува да работи во тексашкиот Универзитетот Еј енд Ем, седми најголем универзитет во САД. Почнал како декан на Школата за влада Џорџ Буш, а потоа напредувал до функцијата претседател на Универзитетот.

За време на објавувањето на номинацијата, претседателот Буш ги фалеше неговите менаџерски способности, како и неговата способност да работи не завлегувајќи во партиски води:

„Тој е човек од интегритет, правичен, со здраво расудување. Тој знае дека предизвикот за заштита на нашата земја надминува секоја политичка партија. Работел со лидери од обете страни со цел да се зајакне националната безбедност.“

Гејст изјави дека не размислувал за враќање во владина служба, додека претседателот не го повикал:

„Поради долгорочните стратешки интереси како и поради разиците по националната и домашна безбедност, затоа што многу американски синови и ќерки, кои се дел од вооружените сили се во опасност, не се двоумев кога претседателот ме повика да се вратам на должност.“

Претседателот Буш го номинираше Гејтс кусо време откако го најави заминувањето на актуелниот шеф на Пентагон Доналд Рамсфелд.

Лидерот на Демократите во Претставничкиот дом Ненси Пелоси, која се очекува да биде иден спикер, ја поздрави промената:

„Сметам дека ќе донесе нов почеток во пронаоѓање решение за Ирак наместо останување на постоечкиот курс.“

Џорџ Буш не е прв претседател кој го сменил секретарот за одбрана во воено време. Во 1960-тите, претседателот Линдон Џонсон го смени Роберт МекНамара со Кларк Клифорд, со цел да му помогне да се справи со виетнамската војна. Ова е професорот Ана Нелсон од Американскиот Универзитет:

„Не е невообичаено претседателот да бара некој кому ќе му се верува, чија лојалност е докажана и кој, во крајна линија, ќе помогне да се промени правецот.“

Гејтс бил дел од работна група за оценка на состојбата во Ирак, тело составено од членови од обете партии предводено од поранешниот државен секретар Џејмс Бејкер, и имал јавни изјави на несогласување со политиката на претседателот Буш во однос на Иран.

Номинацијата на Гејтс треба да биде потврдена од Сенатот. Распитот за неговото потврдување е закажан за 4-ти декември.

XS
SM
MD
LG