Линкови за пристапност

Рамсфелд заминува од функцијата


Анкетите покажуваат дека поразот во најголем дел се должи на несогласувањето на јавноста со начинот на водење на војната во Ирак.

Претседателот Буш го потврди заминувањето на секретарот за одбрана за време на прес-конференцијата:

„По серија серизни разговори, секретарот Рамсфелд и јас се согласивме дека е време за ново водство на Пентагон“, рече претседателот.

Тој додаде дека Рамсфелд бил одличен лидер во време на голема промена. Тој го нарече заминувањето на Рамсфелд - дел од нормален процес во демократијата и ги предупреди американските непријатели да не го интерпретираат ова како слабост.

Претседателот најави номинирање на поранешниот директор на ЦИА Роберт Гејтс на местото на Рамсфелд. Гејтс треба да биде потврден од Сенатот, кој можеби ќе биде под контрола на Демократската партија.

Многумина Демократи и некои Републиканци повикуваа на оставка на Рамсфелд. Тие го обвинуваа за слабо планирање кое како што велат, резултирало во растечко насилство во Ирак.

Доналд Рамсфелд беше еден од секретарите за одбрана кои најдолго ја вршеа функцијата во историјата на САД.

XS
SM
MD
LG