Линкови за пристапност

Гласањето со помош на машини – предност или потешкотија?


Проблемите со стандардните гласачки ливчиња на претседателските избори во 2000-та го отворија патот за гласање со помош на машини. Нивната употреба е во пораст откако беа воведени во 2002-ра.

Целта беше процесот да стане поедноставен, побрз и подемократски. Но, се покажа дека и гласањето со машини носи проблеми. Неодамна на Универзитетот Принстон, професорот Едвард Фелтон организираше симулација на гласање за да покаже како евентуалната манипулација на машините може многу лесно и драматично да ги промени изборните резултати.

Многу сојузни држави не налагаат да се чуваат печатени податоци од електронското гласање, со што станува практично невозможно да се пребројат гласовите. Меѓу останатите проблеми се погрешно пребројување, таканареченото замрзнување на компјутерите и губење на меморијата. Диболд Инкорпорејтед, најголемиот произведувач на гласачки машини вели дека проблемите се отстранети.

Не сите мислат така. Советникот на компанијата Сајбер Секјурити, Стивен Спунамор тврди дека во светот не постои електронски систем што не може да биде пробиен.

Начинот на гласање стана и едно од прашањата на изборната кампања – еден од кандидатите отворено побара од гласачите да не гласаат со помош на машините.

XS
SM
MD
LG