Линкови за пристапност

Северна Кореја се согласи да се врати на шестраните преговори


Американскиот пратеник на шестстраните разговори Кристофер Хил на прес-конференција во Пекинг рече дека одлука за враќање на Пјонгјанг на преговарачката маса била донесена по вчерашната седумчасовна неформална средба во кинескиот главен град меѓу Северна кореја, Кина и САД.

- Веруваме дека тоа ќе се случи во наредните месеци, во ноември, а можно е и во декември.

Претседателот Џорџ Буш го поздрави најновиот развој на настаните.

- Задоволен сум и сакам да и́ се заблагодарам на кинеската страна за поттикнување на оваа средба од која произлезе спогодбата.

Буш истакна дека престојните обврски по севернокорејското прашање нема да бидат лесни, подвлекувајќи дека претстои уште многу работа. Тој најави и дека САД во регионот ќе испратат свои тимови кои би соработувале со партнерите, со цел разговорите да бидат ефикасни, како и да се обезбеди примена на неодамна донесената резолуција на ОН за Северна Кореја.

Во меѓувреме, јапонскиот министер за надворешни работи, Таро Асо рече дека на Северна Кореја нема да и́ биде дозволено да се врати на разговорите доколку и́ натаму поседува нуклеарно оружје. Асо кажа и дека останатите пет земји во преговорите се согласиле дека ова ќе биде главен услов за обнова на мултилатералните преговори за севернокорејската нуклеарна програма.

Hill, prior to her testifying before a House Committee hearing on North
Korean abductions (April 27, 2006)" hspace=2 src="/macedonian/images/ap_japan_north_korea_us_house_hearing_28apr06_eng_1952.jpg" width=210 align=right vspace=2 border=0>Пјонгјанг беше под силен притисок да се врати на разговорите откако на 8-ми октомври изведе подземна нуклеарна проба.


Севернокорејците ги напуштија преговорите минатиот ноември во знак на протест заради американските санкции спрема оваа земја.

Во шестраните разговори учествуваат претставници на Северна и Јужна Кореја, Кина, САД, Јапонија и Русија.

XS
SM
MD
LG