Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс смета дека вниманието на Самитот во Рига ќе биде свртено на натамошната трансформација на Алијанската. Според зборовите на Адам Кобирачки, помошник-генерален секретар на НАТО за оператива, трансформацијата значи дека Алијансата, од традиционалниот фокус на Европа, ќе мине на воспоставување армиски партнерства во целиот свет.
- Постои консензус за потребата од развивање на широк дијапазон на оперативна вклученост на НАТО ширум светот.
Кобирачки додава дека ситуацијата во Авганистан ќе биде на врвот од агендата во Рига.
НАТО неодамна презеде командна улога врз целата меѓуанродна операција во Авганистан. Кобирачки тврди дека Алијансата не загубила ниту една битка во оваа земја, но затоа рече дека конечната победа не може да биде постигната само со воени средства. Според него, успешната обнова на осиромашената земја во организација на НАТО, ќе ги освои срцата на Авганистанците.
Ханс Бинендијк од Универзитетот за национална одбрана во Вашингтон очекува Косово да биде во врвот на дневниот ред на Самитот во Рига:
- Во Рига ќе биде потребен заклучок дека работите на Косово се менуваат, дека ситуацијата може да се влоши и дека силите на КФОР ќе останат во покраината, и тоа на мошне долг период.
17.000 припадници на силите на КФОР се обидуваат да одржат клима на стабилност и безбедност во Косово. Разговорите меѓу Србија и косовските Албанци за конечниот статус на српската провинција се одвиваат под покровителство на ОН. Ако тие пропаднат, ќе мора да биде наметнато решение.
Самитот во Рига нема да се заминава со прашањето за проширување на НАТО, вели Бинендијк:
- Најмногу што може да се очекува во Рига е изјава дека вратите за влез на Македонија, Хрватска и Албанија се отворени.
Политиката на „отворени врати“ значи дека НАТО ќе ги прими сите три членки на Јадранската група, но дури откако ги спроведат неопходните реформи. Така, ваквата изјава во моментов не претставува и формална покана за членство.
НАТО во 2004-та прими нови седум членки, поранешни комунистички земји. Минатата година, САД повикаа на почетокот на 2008-ма да се оддржи самит за проширување што ќе го отвори патот за нови членки. Официјален Вашингтон е посветен на проширувањето на НАТО и цврсто ги поддржува аспирациите на земјите од евро-атлантскиот регион кои се подготвени за членство.