Линкови за пристапност

Статус со стандарди – Дебата за текот на преговорите за конечниот статус на Косово


Меѓународно присуство на Косово ќе има, но одговорностите и престојната обемна работа за иднината на покраината ќе бидат во рацете на тамошното население - и на косовските Срби и на косовските Албанци, но и на локалните верски и бизнис лидери. Успехот ќе значи стабилност не само за Косово, туку и за целиот регион. Во тој контекст, од неколкумина учесници на расправата, одговор побаравме околу прашањето за одбележување на македонската граница во делот кон Косово. Ветон Сурои, член на косовскиот преговарачки тим, вели:

„Постигнавме одличен напредок во смисла на комуникација меѓу Косово и Македонија. Не гледам апсолутно никаков проблем по ова прашање. И двете страни се согласни дека тоа ќе се реши во рамки на меѓународниот фактор, со мошне важно американско учество.“

Стивен Маер, професор во Националниот универзитет за одбрана и експерт за Балканот, тврди дека договор на крајот, ќе биде постигнат:

„По разговорите со македонски владини претставници, имам впечаток дека се чека да се види што ќе се случи со преговорите, или какво ниво на независност Косово ќе добие, за да се знае со кого да се зборува околу демаркацијата, прашање на време е, кога тоа ќе се случи.“

Оптимист е и Кристофер Хох, директор на Канцеларијата за Јужна и Централна Европа во американскиот Стејт департмент:

„Нема потреба од голема загриженост. Македонија има и други проблеми, новата влада фокусот го стави на економијата, преземајќи мошне технократски пристап за многуте обврски што треба да се исполнат. Енергијата треба токму овде да се концентрира, а не да се мисли на прашање кое е веќе на пат да биде решено.“

Целта при одлучувањето на статусот на Косово не смее да биде тоа на крајот комплетно да стане зависно од остатокот од светот, рекоа овие аналитичари. Господинот Сурои, на пример, го повтори ставот на косовската страна за независност и истакна дека фокусот треба да се стави и на учеството на косовските Срби во имплеменатацијата на статусот. Мошне е важно српското население на Косово да почувствува извесно ниво на безбедност со тоа што негови претставници, ќе седнат во владините редови и во парламентот, вели тој. Преговорите се одвиваат тешко, но се чини дека уште потешко ќе биде имплементирањето на она ќе се договори, рекоа учеснициците на дебатата.

XS
SM
MD
LG