Линкови за пристапност

Лично не верувам оти Романија и Бугарија се поподготвени за влез во ЕУ од Македонија и Хрватска


Директорот на источно-европски истражувања во центарот Вудроу Вилсон во Вашингтон Мартин Шлезингер за Гласот на Америка на македонски изјави дека лично не верува оти Романија и Бугарија се поподготвени за влез во ЕУ од Македонија и Хрватска.

Прашан како ги коментира изјавите на неколку европски лидери за одложување на процесот на проширување по влезот на Бугарија и Романија во ЕУ на 1-ви јануари, Шлезингер со оценка:

- Мислам дека е нормално да дадат такви коментари со оглед на јавното мислење во нивните земји, дека има исцрпеност во проширувањето на ЕУ, дека други земји што остануваат надвор од процесот како Македонија, Босна и Србија, итн., треба да изодат долг пат. Од друга страна, сметам дека е тоа е несреќна изјава, затоа што се исцртуваат нови граници во Европа и тоа помага да се зајакне таканаречената „црна дупка“. Мислам дека ЕУ треба повторно да размисли и да најде начин да ги вклучи Македонија и останатите, подобро порано отколку подоцна.

За очекувањата од претстојниот Самит на ЕУ во декември и колку е Македонија блиску до добивање датум за почеток на преговори со ЕУ во 2007-ма, Шлезингер смета:

- Претпоставувам дека ќе бидат неодредени за датумот за Македонија. Ќе бидат одредени само за датумите за Романија и Бугарија. Сметам дека ЕУ би сакала да ги прими остатокот од земјите од Западниот Балкан и од поранешна Југославија – заедно – повеќе или помалку. Затоа што се поврзани меѓу себе, имаат поврзани проблеми – политички, етнички, економски. Знам дека Македонија предничи на патот кон ЕУ споредено со некои други земји, но мислам дека ќе биде ставена заедно со другите – не сум сигурен, се надевам дека нема да дојде до тоа, но се плашам дека на крај тоа ќе се случи.

Дали цената за прераното членство на Романија и Бугарија во ЕУ ќе ја платат Македонија и Хрватска:

-„Да, да бидам конкретен. Не знам кои критериуми ЕУ навистина ги користи. Лично, ниту за секунда не можам да поверувам дека Бугарија и Романија се многу повеќе подготвени за влез во ЕУ отколку Хрватска и Македонија. Сите имаат исти проблеми, а еден од нив е корупцијата. Мислам дека сите треба да бидат примени, и тоа заедно, изјави директорот на источно-европските истражувања во центарот Вудроу Вилсон во Вашингтон.

XS
SM
MD
LG