Линкови за пристапност

Претседателот Буш бара итна реакција од ОН по нуклеарниот тест на Северна Кореја


Претседателот Буш го осуди наводниот нуклеарен тест на Северна Кореја и го окарактеризира како провокативен акт. Пола Волфсон од Гласот на Америка известува од Белата куќа дека Буш бара итна реакција од ОН.

Претседателот Буш рече дека потегот на Северна Кореја претставува закана за меѓународниот мир и безбедност: „САД го осудуваат овој провокативен акт. Уште еднаш, Северна Кореја покажа дека и пркоси на волјата на меѓународната заедница и меѓународната заедница ќе одговори“, рече претседателот Буш.

Во кусо соопштение од Белата куќа стои дека претседателот Буш веќе разговарал за темата со лидерите на Русија, Кина, Јужна Кореја и Јапонија – партнерите на Америка во мултилатералните разговори со Пјонгјанг. Тој вели дека притоа била повторена заедничката определба за корејски полуостров без нуклеарен потенцијал и сите се согласиле дека преземените акции од Северна Кореја се неприфатливи и оти заслужуваат итен одговор од Советот за безбедност на ОН.

Сеуште официјално не е верификувано дека тврдењето на Северна Кореја дека извршиле нуклеарни тестови во понеделникот утрината, според локално време. Но, претседателот Буш не остави сомневања дека има растечка загриженост и меѓународна волја да се зголеми притисокот врз Пјонгјанг.

Тој рече дека Северна Кореја е една од водечките земји кои во светот шират технологија за проектили, вклучувајќи и продавање на делови на Иран и Сирија. Буш зборуваше за можноста Северна Кореја дека може да ја дели технологијата со други земји, нарекувајќи ја „сериозна закана“ за САД. Тој рече, ако тоа се случи, Северна Кореја целосно ќе ги сноси последиците.

Претседателот Буш потенцираше дека САД сакаат да го решат прашањето преку дипломатија. Но, тој рече дека САД ги увериле сојузниците во регионот дека Америка останува на своите безбедносни определби. Тој исто така го предупреди Пјонгјанг дека заканите нема да водат до подобра иднина за граѓаните на Северна Кореја ниту пак ќе ја заслабат определеноста на САД и сојузниците за постигнување на отстранување на нуклеарното оружје од Корејскиот полуостров.

Инаку, САД ги отфрлија повиците на Северна Кореја за билатерални преговори и соопштија дека единствена начин за справување со нуклеарните амбиции на Пјонгјанг е преку мултилатерална дипломатија. Шест-партитните разговори со Северна Кореја имаат постигнато сосема мал напредок, но има знаци на зголемен притисок врз Пјонгјанг од Пекинг и Сеул.

XS
SM
MD
LG