Линкови за пристапност

Брус Џексон: Позитивна изјава во Рига, покана за членство во НАТО пролетта 2008-ма


Претседавачот на Сенатската комисија за меѓународни односи Ричард Лугар заедно со група сенатори деновиве предложи закон за проширување на НАТО со прием на Македонија, Албанија, Хрватска и Грузија, и предлага американска финаниска поддршка за таа цел, со што Македонија би добила 3,6 милијарди долари во фискалната 2007-ма година.

Аналитичарот Брус Џексон, претседател на проектот „Демократии во транзиција“ што се бави со евро-атлантската интеграција на новопојавените демократии во Европа по 1989-та година, во разговор за Гласот на Америка на македонски наведува дека исто како и во претходните бранови на проширување, Сенатот со овој предлог закон „потврдува дека тие земји треба да примат помош, дека треба се сметаат како погодни за членство, дека на Самитот во Рига во ноември НАТО ќе сигнализира конкретна намера да упати покана за членство и дека останува на патот за потенцијална покана во 2008-ма“.

Џексон и со конкретен предлог до македонската влада:

- Важно е за Македонија - да не се седи во Скопје и да владее надеж дека поканата ќе пристигне по пошта. Во наредните година и пол, Македонија ќе мора да продолжи со добрата работа на реформите, но и да ја упати својата порака поагресивно, бидејќи поднесувањето на предлог законот очигледно сигнализира дека политичкиот процес на донесување одлуки е во тек.

Тој дава ваква споредба:

- Ова е како еден вид избори – треба да спроведете кампања за да ја упатите својата порака. Македонија може да раскаже прекрасна приказна, и треба да направи напор таа да се слушне нашироко.

Земјите-аспиранти треба да продолжат со реформите на патот кон НАТО, вели Џексон, бидејќи:

- Сега контролата ќе зајакне по она што се очекува да биде мошне позитивна изјава од Рига. Во основа, ова е финалниот дел на испитниот период. Луѓето мошне внимателно ќе гледаат на секоја политичка карактеристика во Македонија, особено на помирувањето и третманот на малцинствата.

Решавањето на финалниот статус на Косово би отстранил една голема неизвесност во регионот во целина, што ќе создаде поповолни услови за членство во НАТО, смета Џексон:

- Тогаш би било полесно да се погледне конкретно на земјите во однос на самите нивни квалификации, а не во однос на регионот во кој се наоѓаат.

Замолен да прогнозира според сите чинители кога Македонија ќе влезе во НАТО, Брус Џексон вели:

- Очекувам мошне позитивна изјава од сите сојузници во ноември годинава Рига, и очекувам покана за членство рано пролетта 2008-ма.

XS
SM
MD
LG