Белата куќа соопшти дека нема да го објави целиот разузнавачки документ, во кој се вели дека ситуацијата во Ирак станала обединувачки момент за џихадистите.
Портпаролот на Белата куќа Тони Сноу соопшти дека обелоденувањето на целиот извештај, наречен Проценка од националното разузнавање, би изложило на ризик човечки животи и би ја компромитирало независноста на разузнавачките аналитичари. Извештајот периодично заеднички го подготвуваат 16 разузнавачки агенции во САД за потребите на Белата куќа.
Администрацијата на претседателот Буш објави делови од извештајот откако претходно информации од него протекоа до медиумите во САД.
Во него војната во Ирак се нарекува главно прашање на џихадистите од кое го црпат презирот кон САД за вклученоста во муслиманскиот свет, како и дека џихадистите се шират и по број, и по географски опсег.
Но, во него се додава дека доколку надвладее претстава дека џихадистите не успеале во Ирак, ќе се намали бројот на лица кои ќе бидат инспирирани да продолжат со борбата.
Американскиот претседател сугерираше дека протекувањето на извештајот било од политички причини пред конгресните избори во ноември.