Карзаи денес ќе се врати во Белата куќа на заедничка вечера со пакистанскиот претседател Первез Мушараф, на која ќе разговараат за разликите во врска со пограничниот тероризам. Двајцата азиски лидери ја прфрлаат еден на друг одговорноста за континуираните напади врз коалиционите сили во Авганистан. По меѓусебната средба во Белата куќа, Буш и Карзаи на прес-конфренција подвлекоа дека заедно со Мушараф ќе работат на решавање на ситуацијата. Американскиот претседател рече дека борците на Талебан и Ал-Каида се обидуваат да ја соборат владата на претседателот Карзаи бидејќи увидуваат дека демократијата во Авганистан ќе ги спречи да ја користат земјата како база за вршење на терористички напади. Претседателот Карзаи се заблагодари за американската поддршка и рече дека и Кабул и Исламабад знаат дека вистинскиот проблем лежи во исламистичките екстремисти кои обучуваат терористи во исламски верски училишта.