Хернандез го обвини Вашингтон за заострување на ембаргото врз Куба и за обид да се поткопа кубанската влада.
Претходно, претседателот на Венецуела во својето обраќање пред учесниците на Генералното собрание на ОН, на неколкупати го нарече претседателот Буш „ѓавол“ и „тиранин“. Чавез ги повика светските лидери да не подлегнат на, како што рече, американскиот империјализам:
- Американската империја чини се́ што може да го консолидира својот хегемонистички систем на доминација, и ние не можеме да им го дозволиме тоа. Не можеме да дозволиме да се консолидира светското диктаторство.
Чавез ги обвини САД дека сакаат да го контролираат светот и да ги експлоатираат светските ресурси, и го обнови повикот за реформа на системот на ОН за да се намали, како што кажа, американското влијание.
Американскиот амбасадор во ОН Џон Болтон реагираше со коментар дека токму претседателот Чавез е тој кој се обидува да влијае врз другите земји. Болтон истакна дека реториката на Чавез е контрапродуктивна за интересите на Венецуела.
Чавез го обвинува Вашингтон дека прави заговори против него и неговата влада. Американски лица го отфрлаат ваквото обвинување.
Венецуела е петти најголем производител на нафта во светот и еден од главните снабдувачи на САД. Односите меѓу САД и Венецуела се затегнаа по доаѓањето на Чавез на власт.
На маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк, американскиот претседател оствари средба со палестинскиот лидер Махмуд Абас. За него Буш кажа дека е човек со визија за мир, кој може да помогне планот за постоење на Израел и Палестина како две држави една до друга да стане реалност.