Линкови за пристапност

САД загрижени за напад со оружје  за масовно уништување


Секретарот за домашна безбедност на САД, Мајкл Чертоф, вели дека е загрижен за можен напад на американска почва со оружје за масовно уништување. Чертоф ова го кажа на распит пред сенатска комисија.

Можноста тоа да биде сторено со нуклеарно оружје е слаба во овој момент, рече Чертоф, но кажа дека верува оти тој вид закана ќе се зголеми со текот на времето.

Овој претставник на домашното обезбедување додаде дека САДпреземаат чекори да спречат напад со подобрување на разузнавањето и воспоставување на системи за откривање радијација.

Тој рече дека до крајот на годината сите карго контејнери кои доаѓаат од странски пристаништа ќе бидат прегледувани со монитори за радијација по пристигнувањето во американско пристаниште.

Чертоф исто така рече дека САД работат со странски влади да биде скениран целиот карго товар пред да се префрли на бродови упатени за САД.

„Има уште многу да се стори. Големиот предизвик за наредните пет години според мене е не да се оневозможат познатите терористи, туку непознатите, оние што уште не сме ги идентификувале“, рече Чертоф.

Сослушувањето дојде непосредно по одбележувањето на 11 септември, за таков настан никогаш да не се повтори.


XS
SM
MD
LG