Линкови за пристапност

Жешка коментари по спречениот напад врз Американската амбасада во Дамаск


По вчера одбиениот напад врз Американската амбасада во Дамас, американски и сириски претставници разменија жешки коментари за ситуацијата на Блискиот Исток и тероризмот.

Сириската влада соопшти дека нејзините безбедносни сили убиле тројца терористи, а го раниле четвртиот во вчера спречениот напад со автомобил-бомба врз Американската амбасада во Дамаск.
Сириските државни медиуми јавуваат дека еден сириски припаник на обезбедувањето загинал, а 11 минувачи се повредени, меѓу кои и еден кинески дипломат. Меѓу повредените нема Американци.

Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс се заблагодари на Сирија што го спречила нападот:

Се работи за случај во кој, за жал, постоела можност да се изврши напад, и покрај фактот што правиме натчовечки напори да ги заштитиме нашите луѓе, да онезвозможиме напади врз нашите објекти, рече таа. Меѓутоа, Сириската амбасада во Вашингтон издаде соопштение во кое наведува дека американската политика го подгрева екстремизмот и тероризмот, како и дека САД треба да издејствуваат сеопфатен мир на Блискиот Исток. Во Белата куќа, портпаролот Тони Сноу кажа дека Сирија треба да прекине да заштитува терористи и да се приклучи на војната против тероризмот.

XS
SM
MD
LG