Линкови за пристапност

Њујорк, пет години подоцна:  нападите не го одзедоа духот на градот 


По кобниот 11-ти септември, се јави прашањето дали голем број луѓе ќе го напуштат градот и ќе има трајна штета по туризмот. Пет години подоцна, се случи спротивното. Њујорк доживува подем во туризмот. Се градат нови хотели. Претставите на Бродвеј бележат рекордна посетеност. Цените на становите и куќите се во пораст

По кобниот 11-ти септември, се јави прашањето дали голем број луѓе ќе го напуштат градот и ќе има трајна штета по туризмот. Пет години подоцна, се случи спротивното. Њујорк доживува подем во туризмот. Се градат нови хотели. Претставите на Бродвеј бележат рекордна посетеност. Цените на становите и куќите се во пораст.

Текст: Њујорк вчера им одаде почит на сограѓаните кои падна како жртви на терористичките напади на 11-ти септември пред пет години. Церемонијата започна со читање на имињата на близу 2.800 загинати во огнот и пепелта што останаа од кулите-близначки на Светскиот трговски центар.

По кобниот 11-ти септември, се јави прашањето дали голем број луѓе ќе го напуштат градот и ќе има трајна штета по туризмот. Пет години подоцна, се случи спротивното. Њујорк доживува подем во туризмот. Се градат нови хотели. Претставите на Бродвеј бележат рекордна посетеност. Цените на становите и куќите се во пораст.

За петгодишнината, познатиот режисер Оливер Стоун го претстави филмот „Светски трговски центар“ со Николас Кејџ, приказна за двајца полицајци – последни кои биле извлечени живи од урнатините. Како што вели поранешниот градоначалник на Големото јаболко Рудолф Џулијани, филмот помага да се ослободат чувствата, или, како што потенцира – важно е да се соочиме со реалноста и да се справиме со неа.

На роднините им беше дозволено да положат цвеќе на местото каде некогаш се наоѓаа темелите на срцето на американската економска и финансиска моќ. Безбедносните мерки како и секогаш, беа на високо ниво, а воздушниот простор над церемонијата во долниот дел на Менхетен беше затворен за сообраќај. Два снопа светлина од рефлектори, што ги симболизираат кулите-близначки, можеа да се видат само синоќа - од зајдисонце, до изгрејсонце.

Архитектите кон крајот на минатата седмица обелоденија план за изградба на три облакодери кои ќе бидат распоредени на местото каде се наоѓаше Светскиот трговски центар. Тие ќе се наоѓаат до Кулата на слободата, која треба да биде висока 540 метри, инаку идна највисока зграда во Њујорк. Изградбата на кулата ќе започне идната година, а се очекува да заврши до 2012-та. Според анкетите, 70% Њујоркчани велат дека има забележлив напредок на „граунд зиро“, што е важен знак на опоравокот на Њујорк и неговиот нескротлив дух.

XS
SM
MD
LG