Линкови за пристапност

5-та годишнина од терористичките напади во САД


Американците ја одбележуваат петтата годишнина од терористичките напади на 11-ти септември со минута молчење во чест на загинатите и читање на нивните имиња.

Претседателот Буш во Њујорк се придружи на пожарникарите и полицајците во минутата молчење точно во девет часот и три минути, кога првиот грабнат авион удри во една од кулите-близначки на Светскиот трговски центар.

На „граунд-зиро“ – местото каде се наоѓаа кулите, роднините на 2.749-те жртви и прочитаа нивните имиња.

Нешто подоцна денеска, претседателот Буш ќе учествува на церемониите во Пентагон, каде удри еден од авионите, и во близина на Питсбург, Пенсилванија, каде се урна четвртиот грабнат авион откако патниците се обиделе да ги совладаат грабнувачите.

Комеморации за жртвите на 11-ти септември се одржуваат ширум САД и во други земји, меѓу кои и во Русија и Велика Британија. Во најкрвавиот терористички напад во историјата на САД загинаа речиси 3.000 лица.

XS
SM
MD
LG