Линкови за пристапност

Буш:  ќе останам во офанзива за да ги заштитам САД


Американскиот претседател вели дека неговото размислување за светот драматично се променило од терористичките напади на 11-ти септември 2001-ва.

Џорџ Буш вели дека увидел дека САД се наоѓаат во идеолошка битка слична на онаа од Студената војна и дека дека негова најважна одговорност е да ги заштити Американците.

Во интервјуто за ТВ-мрежата Ен-Би-Си, Буш кажа дека САД се справуваат со „ладнокрвни убијци“. Тој најави и дека ќе остане во офанзива за да ја заштити земјата. Начинот да се порази иеологијата на омраза, кажа Буш, е со слобода и идеологија на надеж. Тој рече дека „има луѓе кои се́ уште сакаат да дојдат во САД и да не́ убијат“, но дека најважно е што Американците продолжиле со нормалниот живот.

XS
SM
MD
LG