Линкови за пристапност

11-ти септември:  ужасот останува во сеќавањето


За некои од преживеаните и оние кои ги изгубиле најблиските на 11-ти септември 2001-ва, настанот и натаму буди страшни спомени.

Текст: Во 9 часот и 43 минути, речиси еден час откако првиот авион се урна во зградите на Светскиот трговски центар, авионот на Американ Ерлајнс, летот број 77 се урна во западното крило на зградата на Пентагон.

Џон Јејтс од обезбедувањето на Пентагон тогаш бил во зградата:

- Се сеќавам дека огнена топа дојде од зад мене и ме фрли во воздухот, по што настана темница. Пртрпев изгореници од втор и трет степен на преку 38 проценти од телото. Минав низ три операции.

Мајорот Вилијам Стаут во времето на нападот служел како полициски поручник во антитерористичката дивизија во Пентагон. Тој се сеќава на сцените на хаосот - како од хорор филм:

- Дупка на една од страните на зградата – луѓе како се тетерават насекаде. Неколку дена собиравме делови од авионот.

Сопругата на Том Хајденбергер - Мишел, била стјуардеса во авионот Боинг 757 со 64 патници што се урна во Пентагон. Тој се сеќава на последните зборови што и кажал на Мишел – среќен пат.

- Може да се каже дека се́ уште одбивам да ја прифатам вистината, бидејќи се́ уште погледнувам кон вратата и помислувам дека таа ќе се врати.

Како и другите кои загубиле најмили тој ужасен ден, Розмари Дилард чини се́ жртвите да не бидат заборавени. Розмари неуморно работи на фонд за изградба на споменик во чест на 189-те лица кои ги загубија животите во Пентагон:

- Идејата е споменикот да биде тука – и да остане стотици години.

XS
SM
MD
LG