Линкови за пристапност

Ловецот на крокодили убиен од риба


Стив Ирвин, попознат како ловецот на крокодили загина денеска во нуркачка експедиција. Тој снимал документарец под вода кога бил убиен од отровна риба која го погодила право во срцето.

Ирвин беше на 44 години и стана познат по ентузијазмот за дивината.Се појавуваше во многу телевизиски емисии и во долгометражен филм, а создаде и зоолошка градина во Австралија во јужен Квинсленд како голема туристичка атракција. Ирвин доби доза на негативен публицитет во 2004 кога ја запрепасти публиката во парк на влекачи каде со го држеше синот, сеуште бебе додека хранеше крокодил за шоуто.

Тој тврдеше дека ја имал апсолутната контрола на ситуацијата. Ирвин има сопруга и две деца.

XS
SM
MD
LG