Линкови за пристапност

Во САД празнуваат работниците


Денес во САД е празник. На првиот понеделник во септември американските работници – не работат. Го слават Денот на трудот.


Претседателот Буш во соопштение издадено вчера на милиони Американци им испрати честитки за празникот.

Во него тој вели дека американските работници се витални за економскиот просперитет на нацијата со тоа што помагаат да се конфронтираат конкурентските предизвици на глобалниот пазар.

Денот на трудот како празник го востанови американското работничко движење. Секоја година, повеќе од еден век, ова е денот кога се оддава почит на придонесот на работниците во општеството.


Традиционално, ова е време за рекреациони активности, како одење на излет со семејството и пријателите.

XS
SM
MD
LG