Линкови за пристапност

ОН: Иран продолжил со збогатување на ураниум и по истекот на крајниот рок


Во извештај до Советот за безбедност на ОН, Меѓународната агенција за атомска енергија вели дека се́ уште не е во можност да го потврди тврдењето на Иран дека неговата нуклеарна програма е за мирнодопски цели. Извештајот отвора пат Советот да воведе санкции против Иран затоа што не го испочитувал крајниот рок.

Претседателот Буш кажа дека мора да има последици за, како што рече, „иранското пркосење“.

„Време е Иран да донесе одлука. Ние веќе решивме. Ќе работиме заеднички со сојузниците за да најдеме дипломатско решение. Но, мора да има последици за иранското пркосење, и не смееме да дозволиме Иран да развие нуклеарно оружје.“

Според францускиот министер за надворешни работи Филип Дусти-Блази, иранскиот одговор не задоволува, но истакна дека дијалогот и натаму останува како приоритет.

Во Техеран, виш ирански претставник кажа дека извештајот на Меѓунродната агенција за атомска енергија покажува дека американските тврдења за иранската нуклеарна програма се базираат на илузии.

Вчера, иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад рече дека неговата земја нема да попушти пред заплашувања и да се откаже од нуклеарна технологија.

Потсекретарот на Стеј департментот за политички прашања Николас Брнс наредната недела ќе се приклучи на своите колеги од земјите-членки на Советот за безбедност плус Германија на разговори за санкции против Иран. Американски официјални лица се сигурни дека во наредните неколку недели ќе биде одобрен барем првичен пакет казнени мерки за Иран

Запад го обвинува Техеран дека развива нуклеарно оружје. Техеран го негира тврдењето и вели дека нуклеарната програма е исклучиво за мирнодопски цели.

XS
SM
MD
LG