Линкови за пристапност

Eрнесто ита кон САД


А точно една година по ураганот Катрина, сега невремето Ернесто се движи во правец на САД. Ернесто опадна во јачината - од ураган на тропско невреме - но метеоролозите очекуваат тоа повторно да добие на сила кога ќе пристигне во Мексиканскиот Залив.

Заливот Гвантанамо и јужните делови на Куба веќе ги зафатија силни дождови и ветришта. Кубанските власти евакуирале десетици илјади лица. Жителите на островите на јужниот дел на Флорида каде Ернесто треба да пристигне, се подготвуваат за невремето чии ветришта сега изнесуваат 85 километри на час.

Од Ернесто, чија јачина беше почувствувана и на Хаити и во Доминиканската Република, загинало најмалку едно лице во јужниот дел на Хаити.

XS
SM
MD
LG