Линкови за пристапност

Катрина – една година подоцна – обновата се уште трае


На годишнината од ураганот Катрина, претседателот Буш ги посети погодените подрачја на јужното американско крајбрежје.

Невремето - едно од најтешките природни катастрофи во американската историја - однесе 1.300 животи и опустоши делови на сојузните држави Луизијана, Мисисипи и Алабама. И по една година, обновата се́ уште е во тек. Во Њу Орлеанс, градот што можеби најповеќе го искуси бесот на Катрина, животот полека се враќа во нормала.

Според неодамнешно истражување, 84% од погодените од Катрина сметаат дека животот не им е вратен во нормала. Само 16 проценти велат дека потполно се опоравиле.

Бизнисменот Крис Канелакис се вратил во Њу Орлеанс, но не и дел од семејството. Постарте лица се двоумат:

Тука нема медицинска помош. Болниците се затворени, нема домови за стари лица. Тие едноставно немаат сила за обнова на таа возраст.

И покрај тешкотиите, жителите на Њу Орлеанс се враќаат, започнуваат одново со она што им останало.

Прилагодувањето на новата реалност е особено тешко за децата, како Џесика, на пример.

Кога се вратив, прво што забележав дека ги нема играчките – сите кукли, поплавата однела се́.

Претседателот Буш вели дека федералната влада издвоила 110 милијарди долари за реформи што ќе ја подобрат реакцијата на урагани како Катрина.

Најголем предизвик за многумина во Њу Орлеанс е да ја добијат помошта на располагање и да се најдат работна рака за поправка на домовите. Но, тоа го истакна најдоброто кај жителите – желбата да помогнат еден на друг, да ги обноват домовите, училиштата, црквите.

Џон Џорџис е еден од активистите што раководат со такви иницијативи во соседството.

Му благодариме на светот што не го заборави Њу Орлеанс. Дојдете и посетете не́. Ова е се́ уште прекрасно место, полно со историја, едно од најдобрите во САД.

Музиката на Луис Армстронг се слуша секоја вечер од кафулето Маркет во живописниот француски кварт.

Една година по Катрина, и покрај тешкотиите, животот се враќа во Њу Орлеанс.

XS
SM
MD
LG