Линкови за пристапност

Се разгледува одговорот од Иран


Светските сили го разгледуваат иранскиот одговор на пакетот-поттици во замена за прекин на нуклеарните активности.

Американскиот амбасадор во ОН Џон Болтон кажа дека САД ја разгледуваат одлуката на Техеран, но дека се подготвени да побараат санкции на ОН доколку Иран не прекине со нуклеарниот процес на збогатување на ураниум.

Вчера Иран официјално одговори на предлогот на петте постојани членки на Советот за безбедност плус Германија.

Техеран соопштил дека е подготвен за, цитираме, „сериозни преговори“, но не и дали ќе запре со нуклеарната активност до 31 август, кога истекува рокот што го поставија ОН.

XS
SM
MD
LG