- Меѓународната заедница сега мора да го назначи раководството на овие нови меѓународни сили, да им даде големо овластување и да ги распореди што е можно побргу за да го осигура мирот, изјави американскиот претседател.
Тој најави дека САД ќе ги поддржат силите и вети поголема американската помош за Либан.
- Објавувам дека САД ќе испратат дополнителна помош за хуманитарните акции и обновата на Либан со што вкупниот износ ќе достигне над 230 милиони долари.
На прашање за Ирак, тој кажа дека како и во Либан, екстремистите се обидуваат да ја поткопаат младата демократија и ги отфрли повиците за повлекување на американските сили.
- Знаете, во Америка водиме интересна дебата за тоа што да сториме во Ирак. Има многу добри и чесни луѓе кои велат дека треба веднаш да се повлечеме. Апсолутно не се во право. Тоа би била огромна грешка за оваа земја.
Буш призна дека на моменти е фрустриран од настаните во Ирак и загрижен за можноста секташкото насилство да прерасне во граѓанска војна, но подвлече дека огромно мнозинство Ирачани сака да ја обедини земјата.
Неколку пати за време на конференцијата претседателот се осврна на иранската поддршка за милитантите во регионот и заканата од иранските нуклеарни амбиции. Запрашан дали постои волја да се спроведат санкциите на ОН доколку Техеран одбие да ја прекине нуклеарната програма, Буш со коментар:
- За ОН да бидат ефикасни, треба да има последици за оние кои се потсмеваат на Советот за безбедност. Ќе работиме со членовите на Советот на таа цел.
За севернокорјската нуклеарна програма, претседателот кажа дека разговарал со кинескиот претседател Ху Џинтао за евентуалното враќање на Пјонгјанг на шестраните разговори чиј домаќин е Пекинг.