Линкови за пристапност

Суд во Мичиген пресуди дека анти-терористичката програма за прислушкување е противуставна.


Американски суд им наложи на федералните власти да прекинат со антитерористичката програма за прислушкување, со образложение дека е противуставна. Федералниот судија во сојузната држава Мичиген синоќа одлучи дека програмата што ја воспостави владата на претседателот Буш ги прекршува уставните права на слобода на говор и слобода од непотребен претрес.

Владиниот Оддел за правда вложи жалба на одлуката и таа нема да стапи на сила додека жалбата не биле сослушана. Белата куќа издаде изјава во која искажува крајно несогласување со одлуката на судот, и наведува дека програмата е едно од клучните и ефикасни средства во војната против тероризмот.

Тужбата за програмата до судот ја поднесе Организацијата за граѓански права – Унија за американски граѓански слободи. Програмата овозможува прислушкување на телефонски разговори на лица во САД со лица во странство како и следење на електронска пошта, и тоа без претходен судски налог. Унијата ја поднесе тужбата во име на научници, адвокати и професори кои велат дека програмата наштетува на нивната работа со контакти од странство.

Претседателот Буш ја одобри програмата по терористичките напади во 2001-ва година и тврди дека таа е неопходна за да се спречат нови напади.

XS
SM
MD
LG