Линкови за пристапност

Евакуација на аеродром по откриени опасни течности кај патник


Претставници на Управата за безбедност во транспортот велат дека контролор ги забележал шишињата во рачниот багаж на 28-годишна патничка. И електронската опрема, и кучињата-трагачи реагирале на течностите.

Портпарол на аеродромот соопшти дека шишињата со помош на робот биле извадени од багажот и испратени на дополнителна анализа. Федерални истражители потоа ја испрашале жената која е од сојузната држава Мичиген, а аеродромот повторно бил отворен за сообраќај.

Минатата недела, американските власти забранија внесување на течности во авион откако британските власти открија заговор за активирање на течен експлозив во десетина авиони на релација од Британија до САД.

XS
SM
MD
LG