Линкови за пристапност

„Зелена резолуција“ во САД



Многу луѓе веруваат дека енергијата добиена од ветер и Сонцето станува се́ попрактична. Еве неколку импресивни проекти за алтернативна енергија:

Од источниот до западниот брег на САД, се развиваат еколошки алтернативи на фосилното гориво. Неколку главни скијачки центри во сојузната држава Колорадо наскоро ќе ја обезбедуваат целата енергија со помош на ветрот. Центарот Vail Resorts најави дека купува ветерници од компанијата Renewable Choice Energy.

Квајл Ходек е нејзин извршен директор:

- Како што се́ повеќе компании се ориентираат на енергија добиена од ветер, така се намалуваат трошоците. Сметаме дека и вреди да се потроши некој долар повеќе за енергија што не ја загадува околината.

„Зелена револуција“ и во Њујорк. Во зградата на Банката на Америка, која се гради во моментов, за дополнителна енергија се користат остатоци од храна. Футуристичко седиште на Корпорацијата Hearst, пак, речиси целосно е осветлена со помош нa Сонцето.

Калифорнија предводи во иницијативите за алтернативна енергија. На југот на оваа сојузна држава привршува изградбата на голем комплекс за соларна енергија. Ново-дизајнираните соларни колектори ќе генерираат енергија. Педро Пизаро е од енергетската компанија Southern California Edison:

Од нашата гледна точка, оваа технологија се покажа успешна. Помали се трошоците.

Новиот комплекс со соларни колектори ќе покрива повеќе од 10 квадратни километри и ќе пружи еколошки почиста енергија во Јужна Калифорнија.

XS
SM
MD
LG