Ова е најголем собир на научници, активисти и други учесници на кој се бараат начини за искоренување на чумата на 21-от век.
24.000 учесници и 3000 новинари беа присутни на отворањето. Доктор Питер Пиот е извршен директор на УНАИДС, програма што ги координира сите иницијативи на ОН во борба против СИДА-та:
Освен доколку не го зголемиме инвестирањето во превенцијата, како може светот да си дозволи од хумана, морална, финансиска и економска перспектива секоја година да се заразуваат 4 до 5 милиони луѓе?
Основачот на Мајкрософт Бил Гејтс и сопругата Мелинда ја насочија својата добротворна фондација во потрага по вакцина. Признааваат дека ќе бидат потребни години. Во меѓувреме, приоритет се превенцијата и поголеми права за жените:
Не ќе можеме да се справиме со бројот на луѓе на кои им е потребно лекување доколку не направиме драстични промени во превенцијата.
Мора да им да дадеме моќ на жените. Тоа е она што ќе го смени курсот на епидемијата.
На средбата во Торонто се планирани речиси 500 настани на кои ќе се расправа за различни аспекти на вирусот-ХИВ и СИДА-та. Најавени се и неколку протестни маршеви – повеќето за поевтини лекови и еднаков третман за сите пациенти.