Линкови за пристапност

Буш: Пет години по нападите од 2001 Америка е побезбедна, но не и комплетно безбедна 


Претседателот Буш им се заблагодари на вработените во Центарот кои го спречиле терористичкиот заговор за активирање на експлозив во американски патнички авиони на релација Британија-САД. Тој ги пофали и за соработката со колегите од Британија.

- Поради одлично завршената работа во Велика Британија и поради помошта на вработените во Центарот, го прекинавме терористичкиот заговор во кој одредени лица беа подготвени да убијат недолжни, само за да остварат свои политички цели.

Претседателот рече дека целта на посетата делумно била да се запознае со неодамна спроведените реформи за подобрување на американското разузнавање и антитерористички напори. Земјата и натаму е во војна со екстремисти, рече Џорџ Буш и им порача на Американците:

- Најголема должност во федералната влада е заштита на американскиот народ. Ве уверувам - чиниме се́ што е во наша можност да ве заштитиме.

XS
SM
MD
LG