Линкови за пристапност

Сервер: Охридскиот договор реши многу проблеми


Според Даниел Сервер, Охридскиот договор претставува разумен успех и во моментов главните прашања во Македонија попрво се во рамки на македонската и албанската етничка заедница поединечно, а не меѓу нив.

- Охридскиот договор реши многу проблеми и навраќајќи се наназад, не мислам дека некоја од страните има многу загубено, туку во најголем дел имаше придобивки за двете најголеми заедници.

Околу предупредувањето на лидерот на ДУИ Али Ахмети, дека секоја манипулација со Бадинтеровиот принцип ќе биде крај на Рамковниот договор, Сервер со коментар:

- Реагирам со незадоволство кога луѓето ќе имплицираат и се закануваат со насилство за политички прашања. Македонските граѓани од сите етнички групи ќе треба да го разрешат тоа прашање. Разбирам зошто партијата која доби најголем број гласови на албанска страна сака да биде во владата, но важно е тоа да се разреши на мирен начин и во рамки на македонскиот Устав. Сметам дека тоа е изводливо. Македонија има повеќепати покажано дека е способна за промена на власта. Имам доверба во македонските граѓани.

За мислењата дека решението за конечниот статус на Косово може да предизвика дестабилизација на Македонија, Сервер вели:

- Би бил загрижен доколку во однос на финалниот статус на Косово се донесе одлука преку која би се обезбедила етно-територијална поделба. Тоа би се одразило мошне дестабилизирачки, особено во Македонија, но и во Србија.

Друг аспект за кој исто така постои голема загриженост, а што може негативно да се одрази по македонската стабилност, според претставникот на Американскиот институт за мир е доколку финалниот статус на Косово не се реши преку преговори, туку со насилство.

XS
SM
MD
LG