Линкови за пристапност

Буш: заговорот дел од војната против „исламски фашисти“


Американскиот претседател му се заблагодари на британскиот премиер Тони Блер и на британските служби за безбедност за разоткривање на наводниот заговор за активирање на течен експлозив во авиони на американски компании на релација од Британија до САД.

Претседателот Буш вели дека заговорот за воздушен терор што го спречија британските власти е потсетница дека САД се во војна со „исламски фашисти“.

Буш даде ваков коментар откако Американскиот оддел за домашна безбедност издаде наредба со нови ограничувања за тоа што можат авионските патници да понесат со себе во рачниот багаж.

Американскиот претседател му се заблагодари на британскиот премиер Тони Блер и на британските служби за безбедност за разоткривање на наводниот заговор за активирање на течен експлозив во авиони на американски компании на релација од Британија до САД.

Претходно денеска, американските власти за сите патнички летови од Британија, а најповеќе за оние на компаниите Јунајтед, Американ Еарлајнс и Континентал Еарлајнс, воведоа највисоко, црвено ниво на предострожност од терористички напад според системот кодиран во бои. На патниците им е забрането да носат течности со себе - без оглед дали се работи за пијалок или козметички производи.

За другите патнички летови од и кон САД владее пониското ниво – портокалово, што значи висок ризик од терористички напад.

Директорот на Американскиот оддел за домашна безбедност Мајкл Чертоф рече дека нема знаци на терористички заговор на американска почва, но дека заговорот откриен во Британија бил „добро планиран и во поодмината фаза“.

Чертоф и директорот на Федералното истражно биро Роберт Милер оценија дека има предзнаци дека заговорот е дело на Ал-Каида, но дека тоа се́ уште не може директно да биде потврдено.

XS
SM
MD
LG