Линкови за пристапност

Дали САД и Франција ќе се усогласат околу резолуцијата за решение на блискоисточната криза?


Франција и САД вршат ревизија на резолуцијата за ставање крај на конфликтот меѓу Израел и Хезболах и дипломатите велат дека тоа најверојатно ќе го забави гласањето во Советот за безбедност на ОН.

Разликите меѓу двете држави излегоа на виделина откако делагацијата на Арапската Лига излезе со барање Советот за безбедност да повика на итен прекин на огнот, но и повлекување на израелските сили од Либан.

Францускиот претседател Жак Ширак соопшти дека САД се противат на одредени делови на арапскиот предлог. Тој додаде дека откажувањето од резолуцијата за прекин на огнот би било неморално:

Преку планот за резолуции во рамки на Советот, ние на маса ставивме опции што на двете страни им нудат неопходни политички и безбедносни гаранции. Првата содржи целосен и итен прекин на огнот и насилствата, што е можно поскоро, затоа што е погодено цивилното население од обете страни. Од тоа потоа би требало да формираме принципи и елементи за перманентен прекин на огнот и долгорочно политичко решение“

Франција е за тоа да се удоволи на некои од барањата на Арапската лига.

Заменикот-министер за надворешни работи на Русија Андреј Денисов изјави дека Москва го поддржува либанскиот предлог да испрати 15.000 либански војници во јужната гранична област со Израел.

Во Њујорк, американскиот амбасадор во ОН Џон Болтон изјави дека тој либански предлог ќе биде земен предвид во компромисната резолуција, но кажа кога точно би дошло до распоредувањето.

Лидерот на Хезболах Хасан Насрала во телевизиско обраќање истакна дека поддржува распоредување припадници на либанската армија во јужниот дел од земјата.

Израел, пак соопшти дека ќе се повлече од Либан само доколку се воспостават бројни меѓународни сили.

Асошиетед Прес јави дека американскиот помошник-државен секретар Дејвид Велч вчера во Бејрут на израелскиот премиер Фуад Синиора му пренел порака од Израел дека нема да дојде до повлекување се додека не се распоредат меѓународни сили. По средбата, Синиора на новинарите им изјави дека не бил постигнат напредок во обидот за постигнување прекин на огнот.

XS
SM
MD
LG